Main Вовед во правото на Европската Унија. Скрипта. Учебно помагало

Вовед во правото на Европската Унија. Скрипта. Учебно помагало

5.0 / 5.0
0 comments
Целта на ова учебно помагало е да направи преглед на основните поими коишто се опфатени во содржината на предметот Вовед во право на Европската Унија на Правниот факултет при Универзитетот "Гоце Делчев" во Штип. Скриптата претставува наставно помагало за студентите на првиот циклус на студии, изработено согласно Наставниот план и програма. Во неа се опфатени четири тематски единици: Европската интеграција и нејзините особености, Договорите за Европската заедница и Европската Унија, Правните извори и Институциите на ЕУ. Содржината на скриптат е резултат на темелно истражување на оваа материја, при што се користени голем број научни книги и трудови (на англиски, германски и македонски јазик). Имајќи ја во предвид актуелноста на темата и постојаните измени и дополнувања на концептите и правната рамка во која делува Унијата, користени се и документи публикувани на веб страниците на Европската комисија. Скриптата по својата природа содржи материјал којшто со текот на времето може да трпи одредени промени и да прерасне во учебник наменет за сите заинтересирани за развојниот процес на Европската Унија.
Request Code : ZLIBIO3180509
Categories:
Year:
2011
Publisher:
Универзитет "Гоце Делчев"
Language:
Macedonian

Comments of this book

There are no comments yet.
Authentication required

You must log in to post a comment.

Log in